Нема поддршка за ниеден културен проект на Македонците во Албанија

Македонците во Албанија реагираат откако Министертвото за култура на таа земја, не прифатило ниту еден проект предложен од асоцијациите на Македонците во Албанија.



Реагираат за несовесниот и крајно дискриминаторски однос на Министерството за култура на Албанија и истакнуваат дека треба да добијат финансиска поддршка од државата за реализирање на нивни проекти, пренесува МД „Илинден-Тирана.

Македонците истакнуваат дека се лојални граѓани и ги плаќаат сите даноци кон државата, но пари за културни активности на лојалните граѓани со македонско етничко потекло, нема, стои во реакцијата.

Посебно се нагласува дека Друштвото на конкурсот аплицирало со проектот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“, што е исклучително значаен проект за македонската заедница во Албанија,но оти истиот не е подржан.

Македонците имаат потреба од финансиска поддршка на проектите од страна на Министерството за култура кои се однесуваат на негување на традициите на Македонците кои живеат во Албанија. Во овој случај, државата преку Министерството за култура покажува дека само декларативно се залага за демократска Албанија и за почитување на правата на малцинствата кои живеат на нејзина територија,се наведува во реакцијата. Се додава дека повикот бил објавен од Министертвото за култура на 16 јануари и траел до 14 февруари, но „за жал Македонците беа само бројка во апликациите кои беа испратени на конкурсот.