Дури 100- тина вработени-технички кадар во ГОБ „8 Септември“, кои изминативе 5 месеци, откако болничката установа стана Ковид-центар за најтешко болните пациени, останаа без најавената парична помош пртеку платежните картички, јавува Фактор.
„Навистина сме лути, зошто раководството на ГОБ „8 Септември“ не уверуваше дека и ние сме биле на тие списоци за платежни картички.
Не е фер, бидејќи рамо до рамо со сиот медицински кадар, сите овие изминати месеци макотрпно работиме во смени.
Платежни картички добија дури некои доктори кои седеа дома, бидејќи не беше потребен нивниот ангажман околу болните од Ковид-19“, велат извори од градската болница за Фактор.





