Нема патување во Шведска до 31 август

Владата на Шведска денеска донесе одлука за ограничувањата за патувањата во земјата до 31 август на земјите кои се најмногу погодени од коронавирусот, меѓу кои спаѓа и Македонија.



Мерката беше воведена во март, а исклучок од тоа ќе бидат 14 земји кои се најдоа на безбедната листа за целата ЕУ: Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.