Нема патување во Грција ни по 31 август

За уште две седмици продолжи забраната за влез во Грција на државјани од трети земји, меѓу нив Македонија и Албанија.



Продолжувањето на забраната е дел од низата ограничувања што исто така се продолжуваат за две седмици, а ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство.

Претходната заедничка министерска одлука за прекинот на копнените поврзувања на Грција со Северна Македонија и Албанија истекува на 31 август, а ќе се продолжи со нова што ќе биде во сила до 15 септември.