Нема парно во студентскиот дом „Стив Наумов“, студентите мрзнат

Нема парно греење во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска автокоманда, поради дефект на парноводната мрежа. Радијаторите се студени веќе неколку дена, а тоа претставува сериозен проблем, особено кога се приближуваат постудените денови, реагираат студентите. Тие бараат проблемо веднаш да биде решен, а сакаат и подобри услови за живеење, објави Алфа. Телевизијата беше на лице место и виде дека проблемот нее решен.



И родители кои ги сретнавме во кругот на студентскиот велат дека не смее да се дозволи студентите да мрзнат, иако плаќаат за тоа. Дека нема парно во „Стив Наумов“ поради дефект на парноводната мрежа, реагираше директорот на Државниот студентски центар Виктор Велевски, откако „Студентска револуција“ алармираше за проблемите кои ги имаат студентите. Тој вели дека дефектот е саниран.

  • Ве замолувам да не се шират дезинформации за прашања кои се однесуваат на студентските домови. Точно е дека неколку денови немаше парно во Стив Наумов поради дефект на парноводната мрежа. Истиот е саниран, а со тоа греењето во домот е во функција“, се вели во реакцијата на директорот.

И додека директорот вели дека дефектот е саниран, на терен нее така. Алфа беше на лице место и виде дека радијаторите се уште се студени.