Опозициската партија реагира на изјавата на министерот за образование дека нема пари за да се испечатат сите учебници за средно образование и тврди дека тоа е доказ дека за СДСМ и ДУИ приоритет не е образованието и учениците, туку криминалните тендери на фирми блиски до власта.
Реално, немаме пари за сите учебници…
„Владата има пари да плати надзор од 22 милиони евра, поскап и до 7 пати споредено со други проекти, а нема за учебници. СДС и ДУИ имаат пари за тендерите во РЕК, а немаат за учебници. Власта има пари за приоритетите на Ковачевски и Груби, но нема за учениците, се наведува во партиското соопштение.
Власта не е способна да ги реализира работите заради кои всушност постои, како нормално и достапно образование, а сака по секоја цена да остане месец повеќе. Која е целта на владеењето, ако не се способни да го одржат системот, а не пак да го унапредат? Потребни се промени“, велат од партијата.







