Со ребалансот на буџетот нема пари за изградба на пругата кон Бугарија, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој вчера имаше средба со претставниците на Градежната комора при Сојузот на стопански комори, јавува Вечер.
Според министерот, на првата делница од пругата кон Бугарија не се работи, зашто изведувачот се повлече, но се прави план преку одлука на Владата која има сериозен фокус на источниот железнички крак работите да продолжат така што првата и втората делница би биле заеднички проект и наскоро да се распише повик за изведувач кој ќе продолжи со градење.





