Прекината е 17-годишната долга традиција на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, кој од минатото лето повторно беше вратен на отворената древна сцена во Стоби.
Причина е Министерството за култура кое на Велешкиот театар не му одобри финансиски средства за премиерна традиционална претстава во Стоби, вели градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
„Ние со нашиот скромен буџет не можевме да ги покриеме трошоците за покривање на Фестивалот„, објаснува Коцевски.
Во амфитеатарот во Стоби ансамблот на велешкиот театар во 1992 година ја одигра првата претстава во Стоби и оттогаш по една секе лето се’ до 2001 година, а кога театарските работници заедно со Општина Велес го основаа Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби.
Во изминатите лета на древната сцена велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ кој е основач на фестивалот имаше одиграно 20-тина претстави.
Во рамките на фестивалот беа одиграни 80-тина антички претстави со театарски ансамбли од Русија, Украина, Холандија, Турција, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Ерменија, Данска, Казахстан, Албанија и од земјава.





