Нема одложување на изборите!?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната средба на пет лидери на политички партии од од албанскиот блок и два од македонскиот, изјави дека дека на средбата не се разгледала можноста за одложување на изборите, туку, како што истакна, предизборната кампања ќе се води на поинаков начин.



„Средбата беше повеќе од информативен карактер. Беше кажано дека истовремено политичките партии можат да доставуваат сопствени предлози во однос на заштита и превенција од коронавирусот. Покрај справувањето со ковид-19, од големо значење ќе биде како ќе се справиме со економските последици кои неминовно ќе дојдат по коронавирусот, Македонија не може да биде имуна, тоа ќе го почувствува и буџетот“, рече Мицкоски.

Тој пренесе дека има забрана од Владата и дека тие мораат да ги почитуваат законите во однос на забраната за одржување предизборни митинзи.

На средбата во влада присуствуваа лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива…