Белата куќа потврди дека претседателските избори во САД ќе се одржат според предвиденото на 3 ноември, објави Си-Ен-Ен.



Шефот на канцеларијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Марк Медоус изјави дека изборите ќе се одржат на 3 ноември и ќе ги победи сегашниот шеф на државата.

Трамп повика на одложување на изборите во четвртокот, објаснувајќи дека голем број граѓани ќе мора да гласаат по пошта, што ќе влијае на регуларноста на изборите.

Идејата веднаш беше отфрлена од демократите и републиканците во американскиот Конгрес, тело кое може да донесе таква одлука.

Претседателски кандидат на републиканците е Доналд Трамп, а на демократиите поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден.