Нема објаснување ниту демант за трагичниот скандал на Онкологија од директорите кадри на СДСМ и Алијанса за Албанците

Два дена директорите на Онкологија, кадри на Алијанса за Албанците и СДСМ не даваат детално објаснување за скандалот трагедија што се случувало подолго време на клиниката.



Иако целата јавност е вознемирена по полициската акција на МВР во која се правеле претреси по со нение дека лекови за рак од клиниката се продавале на Косово а на пациентите им се давал физиолошки раствор нема сериозно објавување од менаџментот на клиниката.

Економскиот директор на клиниката е Халид Матоши кој станат менаџер во март годинава а медицинска директорка е доцент д-р Виолета Клисаровска која станала прв човек на клиниката ланската година во октомври.

Два дена по акцијата на МВР и месеци откако во јавноста и медиумите почна да се зборува за криминал и нехуманост на клиниката која ја водат менаџментот на Онкологија не излегува во јавност со објаснување што се случувало на клиниката каде се лечат тешки болести.

„Како институција сме достапни на истражните органи и во овој момент не сме во состојба ниту да коментираме, ниту заклучоци да донесуваме. Тоа ќе го направат надлежните“, изјавила за Сител Виолета Клисаровска, Директор на Клиника за радиотерапија и онкологија.

Таа досега не организираше прес конференција или брифинг за медиумите за детално да одговори на прашањата кои имаат кривичен но и етички карактер.

Економскиот директор Матоши е партиски колега на министерот за здравство а Клисаровска е избрана како кадар на СДСМ.

Никој од нив денеска и вчера не поднесол оставка ниту преземал одговорност за скандалот во кој е можно пациенти болни од рак да умирале мислејќи дека добиваат лекови а всушност добивале физиолошки раствор.