Нема никаква основа да биде зголемена цената на брашното за лебот и белите печива, јасно порачува Федерацијата на земјоделците на Македонија.
Годинашнава откупна цена на 260 милиони килограми пченица произведена на 74 илјади хектари беше 10 денари и 50 дени за килограм. Со оваа откупна цена сега лебот не би требало да биде поскап од 20 а не пак 30 денари или килограм леб да чини 60 денари.
Млинарите имаат пченица до крајот на јануари. Тоа пак значи дека до тогаш не треба да се удира по џебот на граѓаните.
На Македонија годишно и се потребни 450 милиони килограми пченица или во просек близу 300 килограми по човек.
Доколку не се испочитува реланта калулација на земјоделците и се зголеми цената на брашното, на лебот и белите печива тогаш Федерацијата од млинарите ќе бара да им се доплатат уште 6 денари за килограм откупена пченица од годинашнава реколта.






