(…)
Фактот што заедничкото чествување и посета во Рим се случуваат во време кога Бугарија не покажува никаква волја за повлекување на ветото за македонските евроинтеграции на претстојниот јунски самит на ЕУ, во голем дел од македонската јавност ги поттикнува сомневањата за можеби премолчено прифаќање на „заедничката историја“ во бугарска верзија, објавува Нова Македонија во пресрет на заеднишката посета на шефовите на државите Румен Радев и Стево Пендаровски на Рим каде на 26-27 мај ќе го лествуваат Денот на сесловенските просветители , светите брача Кирил и Методиј.
„Не е тајна, па дури ни за дистанцираната ЕУ од сѐ што „мириса“ на балканска историја, дека иако блиски географски, според обичаите, менталитетот, а во голем временски период дури и судбински поврзани, Македонија и Бугарија исто толку често биле на различни страни на историските случувања, со различен исход од тие историски процеси. Македонија секогаш била на вистинската страна, на страната на победниците, слобода, праведноста, што не може да се каже за Бугарија.
Токму тие различни исходи од настаните низ вековите, во подалечното, но и во поблиското минато, најмногу придонеле во диференцијацијата и формирањето на различните национални идентитети, како македонскиот и бугарскиот. Различните патишта на националниот развој придонеле за создавање на сепак различни култури (колку и да се навидум блиски), поинакви обичаи, различна колективна меморија и, конечно, посебна историја. Контроверзноста во актуелниот македонско-бугарскиот случај произлегува од амбицијата на Бугарија моментите и периодите на споделена историја да ги наметне исклучиво како бугарски, притоа со аспирација (кога ќе почувствува шанса) да го побугарчи и сесловенското културно наследство.
Таквите аспирации се манифестирани токму за Денот на светите Кирил и Методиј, кој е прогласен и за Ден на бугарската азбука. Бугарската азбука, во суштина, е една современа (бугарска) верзија на кирилицата, која, пак, е сесловенска културна вредност. Освен што прогласувајќи го Денот на Св. Кирил и Методиј за Ден на бугарската азбука, преку договорот за заедничко чествување на празникот, Бугарија ѝ подметнува на Македонија, всушност подмолно се обидува да се наметне и како „сопственик на кирилицата“ во ЕУ, користејќи го фактот што во овој миг е единствената земја-членка што го користи ова писмо. Таквиот обид на Бугарија за своевиден „словенски хегемонизам“ во ЕУ делумно беше препознаен од Чешка и Словачка, кои иако го користат латиничното писмо, Кирил и Методиј, односно Моравската мисија претставуваат исто така важен елемент на нивната национална историја. Ова препознавање беше и причина да ѝ се спротивстават на Бугарија во обидот да ја наметне својата верзија на историјата како услов за евроинтеграциите на Македонија.
Бугарските амбиции за наметнување на „заедничката историја“ за Македонија не завршуваат со средновековниот период, туку досегаат до перидот од 1944 година и перверзните обиди, окупацијата на македонската територија за време на Втората светска војна (и своето учество на страна на фашистичката коалиција) да ја претстават како „ослободување“ или барем „администрирање“…






