Претседателот на Собранието оценува дека во моментот не може да се каже дека има доволен број пратеници за да се отвори Уставот за да се внесе бугарската етничка заедница.
Талат Џафери повика партиите во парламентот, со оглед на тоа што декларативно се за членство во ЕУ, пред сѐ, да работат за интересите на државата.
„Сите пратеници и политички субјекти во Собранието треба на уставните амандмани да гледаат како на нешто што е од особен интерес на државата и за граѓаните“, рече Џафери.






