Муслиманските гробишта во 23. виенска општина одбија да го погребаат Кујтим Фејзулаи, кој на 2 ноември изврши терористички напад то уби 4 и повреди 20 лица во главниот град на Австрија.
„Алах ќе се пресмета со него. Но, и ние чувствуваме потреба нешто да направиме… Тој е убиец, кој уби невини луѓе и со тоа им нанесе штета на сите муслимани“ – изјавил управникот на гробиштата Али Ибрахим.
За одлуката е информирана исламската заедница, која го поддржала. а со тоа се согласиле и верниците.
Фејзулаи, кој беше убиен по нападот од страна на полицијата, Сега тој може да биде погребан на муслиманските гробишта во покраината Форарлберг или во Северна Македонија, од каде е по потекло, пишува Плусинфо.





