Нема мерки за син на Амди Бајрам, само танчерките се заштитени (ВИДЕО)

Еден од синовите на пратеникот Амди Бајрам, Габриел, вечерва на социјалните мрежи јавно објави видео од веселба на која што се гледа дека присутните не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.



Од сите присутни на видеото само двете танчерки кои играат на живата музика ги почитуваат мерките на Владата затоа што таа се совпаѓа со начинот на кој вообичаено се облечени на слични веселби.

Од видеото може да се види дека Габриел Бајрам присуствува на весел настан на денот кога починаа две лица а 62 беа идентификувани како позитивни на вирусот.

Видеото на овој линк

На друго видео исто така објавено јавно Габриел кој денеска слави роденден прикажува десетина луѓе од кои никој не носи маска.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2635301060081491&id=100008048676002