Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Игнат рече дека земјата нема да добие западни борбени авиони Ф-16 оваа есен и зима.
„За жал, и тоа е веќе очигледно, не можеме да ја заштитиме Украина со Ф-16 во есен и зима оваа година“, рече Игнат.
Тој додаде дека очекува во блиска иднина да започне обука на пилотит за овие летала.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските претставници изјавија дека обуката на украинските пилоти ќе започне уште во август, но овој план очигледно се покажа нереален.
Пред две недели Си-Ен-Ен објави дека САД сè уште чекаат од своите европски сојузници план за обука на украинските пилоти, кој Вашингтон мора официјално да го одобри пред да започне вистинската обука.






