Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе го информира државниот врв и политичките партии за инатонеделните разговорите за името во Виена на поединечни средби. Но, лидерска средба за процесот на разговори за името нема да има, дознава МИА од Владата.
Димитров во петокот имаше средба со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас и со медијаторот Метју Нимиц, по која изјави дека „има условен напредок во преговорите, бидејќи како одиме напред доаѓаме до потешките прашања. И од нашата страна и од нивната страна имаме доста за размислување, и за мерење.
И шефот на дипломатијата на Грција,Никос Коѕијас најави дека ќе ги информира лидерите на грчките политички партии, премиерот и претедателот за напредокот постигнат во Виена.
Дипломатски извори од Атина, по средбата Димитров-Коѕијас-Нимиц брифираа дека Атина „посакува“ Скопје да се сложи и да прифати сложено име со географска одредниза за секоја употреба и измена на Уставот на земјата.
Последен и единствен состанок на државниот врв околу разговорите за името беше на 27 јануари во Клубот на пратениците.
Вчера, министерот Никола Димитров, првоаприлски се пошегува дека Македонија се откажува од напорите за асоцирање со ЕУ.





