Нема лидерска, Мицкоски да побара средба со Заев!

Додека не се утврди термин кој одговара за сите, лидерот на опозицијата може да побара средба со премиерот, велат за МИА од владата во врска со денешното барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна лидерска средба за преговорите за името.



Од опоозициската ВМРО ДПМНЕ денеска побараа итна лидерска средба на која ќе прсуствува и шефот на државата, Ќорѓе Иванов,  на која премиерот ЗоранЗаев и министерот НиколаДимитров треба да информираат до каде се преговорите за името со Грција и дека тоа прашање не е „монопол на Заев“.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како што информираше енсералниот секретар на партијата, Јанушев, ја прекинал посетата на Италија и на Словенија  и се враќа во земјата каде очекува средба и одговори.

Од владата, пак, белат дека „како и секогаш досега кога има значаен развој во текот на преговорите за проблемот кој го има Република Грција со нашето уставно име, навремено и целосно ги информира сите засегнати политички субјекти. Истовремено, транспарентно и одговорно ја информира и јавноста, односно граѓаните на РМ“.