Ниту една фирма не се јавила ни на вториот тендер распишан од Општина Чаир за уривање на дивоградбата пред „Мавровка“, па Комисијата за јавни набавки во Општината го поништила тендерот.



В понеделник со одделението за јавни набавки на Општината ќе имаме состанок за да видиме како според Законот за јавни набавки да постапиме, за да можеме да избереме фирма за уривање, а да не ни се случуваат и во иднина неуспешни тендери, велат за СакамДакажам од Општина Чаир.