Нема кампања без финансиер

Во последните неколку дена во пресрет на изборите во Република Српска се случуваат интересни движења.



Според Новости.ср, делови од опозициската Српската Демократска Странка (СДС) на секој можен начин се обидуваат да дојдат до Слободан Тешиќ, моќен српски бизнисмен и еден од најмоќните европски дилери со оружје.

Целта на ваквите активности е да се даде поддршка на СДС за претстојните избори во Република Српска.

Сепак, како што дознава Новости од добро упатен извор, Тесиќ веќе подолго време се оградува од сите политички активности, бидејќи е посветен исклучиво на својот бизнис.

Ова според весникот е само еден од доказите дека состојбите не се развиваат добро во СДС и доказ дека споменатата партија на секој начин се обидува да ја зацврсти својата политичка позиција, но очигледно без значителен успех досега.