Тендерот за итно купување 900.000 тони јаглен за целосно пуштање во употреба на „РЕК Битола“, пропадна.
Понуди имало, но понуденото количесто не можело да ги задоволи потребите за ублажување на енергетската криза велат од „ЕСМ“.
Во игра биле девет компании, ама ниту една понуда не била ниту приближно до бараната.
Понудени биле само 165 илјади тони. За „ТЕЦ Осломеј“ имало понуда за 300 илјади тони, но допрва ќе се бира кој оператор ќе го добие договорот. Државата сега ќе распишува нов тендер.
- Меѓународниот тендер треба да обезбеди јаглен за потребите на третиот блок на „РЕК Битола“ и на „ТЕЦ Осломеј“. Количините се потребни за да се засили домашното производство на струја за да се стабилизира цената за стопанството.
Стопанските субјекти се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар, а со оглед на енормниот пораст на цените на берзите, стопанството се соочува со опасност од голем ценовен удар.







