Извозот на пченица од Украина и Русија, кој сочинува витален дел од светските резерви на храна, е блокиран од Русија која ги спречува бродовите да ги напуштат пристаништата на Црното Море.
Ова го соопшти најголемиот германски трговец со земјоделски производи BayWa, цитиран од Дојче веле.
„Никакво (жито) во моментов не се извезува од украинските пристаништа – ништо не ја напушта земјата“, изјави за ДПА Јерг-Симон Имерц, шеф за трговија со жито во BayWa.
Тој додаде дека извозната активност на Русија е „многу ограничена“.
Панамската поморска управа, која во средата соопшти дека руската морнарица спречува 200-300 бродови да го напуштат Црното Море – повеќето од нив пренесуваат жито.
Според други извештаи, околу 100 бродови се блокирани. Њуз.бг







