Нема историја… но ќе има пилатес и јога?



Новата Концепцијата за основно образование која ја презентираше Министерството за образование, предвидува укинување на неколку наставни предмети (историја, географија…) и нивно спојување во нови *општерсдтвени науки, природни науки), но затоа се најавуваат спортско-рекреативни предмети кои вклучуваат вежбање на пилатес и јога.



„Нејасно е како и каде децата ќе можат да ги вежбаат овие модерни типови на тренинзи кога над сто основни училишта во земјава немаат сала за физичко и пред пандемијата или воопшто немаа часови или физичко имаа во училница“, пишува порталот МКД.Мк. .

Во македонија земја има 364 основни училишта, од кои, според податоците со кои располага Министерството, 130 немаат простории, односно спортска сала за реализација на наставата по предметот спорт и спортски активности.

Тие имаат спортски игралишта на отворен простор и часот по физичко зависи од временските услови. Што значи дека учениците најчесто немаат услови за час по физичко, а уште помалку за јога и пилатес.