Нема индикации за нарушување на безбедноста во земјава, иако борбата против тероризмот е сериозен предизвик, вели министерот за внатрешни работи. Според него, службите се добро подготвени и постојано активни во борбата против тероризмот.
„Преземаме сериозни активности во насока на борба против тероризмот или спречување на какви било активности, кои што би можеле да предизвикаат загрозување на безбедносната состојба. Во овој момент нема никакви индикации за какво било нарушување на безбедносната состојба во државата. На највисоко ниво постапуваат сите единици во составот на МВР и сите агенции. Впрочем, неодамна лажните пријавувања за терористички акти покажаа на колкаво ниво е подготвеноста на македонската полиција и на агенциите во однос на справувањето со ваков предизвик“, изјави Спасовски.





