Интеграцијата на Западен Балкан во Европска унија нема да се случи во следните 20-25 години, предвидува Георги Брдаров, бугарски писател и истражувач на културата и на етнопсихологијата на Балканот.



Според него, Европа ќе ги поддржи очекувањата во балканските земји, но поради стравот од процесите што се развиваат во овие експлозивни територии, не може да се очекува нивен брз прием во европското семејство.

„Мое мислење е дека Европа ќе го поддржи очекувањето на овие земји за нивно влегување во Европска унија на пооддалечен хоризонт и за економски просперитет, но тоа нема да се случи во следните 20-25 години поради стравот од процесите што се одвиваат“, изјави тој за бугарската ТВ Европа.

На констатацијата на новинарот дека „тоа во пракса е рамно на потпалување војна“, Брдаров со одговор дека „заканата е огромна“ и со заклучок дека нема рецепт за избегнување на опасноста.

„Според мене, рецепт нема со сигурност. Уште повеќе, за жал, од целата моја пракса на научник, не толку на писател, сум се убедил дека нормална состојба на човечкиот род е состојбата на војна. Мирот, едноставно, е исклучок“, вели тој.