Првиот вицепремиер Артан Груби негира дека лобирал да се самопопише само албанската дијаспора. Тој не одговара зошто официјалните посети ги користи за партиска и етничка агенда.
„Нема две дијаспори, една е. Апелирам да се попишат сите наши граѓани кои привремено работат и живеат во странство“,– изјави Груби за Плусинфо.
Артан Груби во моментов е во дводневна посета на Албанија.






