Нема државнички погреб за Михаил Горбачов

Во Москва почнаа да му оддаваат последна почит на Михаил Горбачов, последниот советски лидер кој ѝ стави крај на Студената војна.



Луѓе поминуваа покрај ковчегот пред неговиот погреб подоцна денеска. Русите денеска имаат два часа да се збогуваат од Горбачов. Телото на Горбачов е изложено во величествената сала со столбови во Домот на синдикатите, во непосредна близина на Кремљ.

Горбачов почина во вторникот на 91-годишна возраст.

Но, денешната церемонија нема да биде државен погреб – знак дека сегашното раководство на Кремљ има мал интерес да го почитува наследството на г-дин Горбачов, јавува дописникот на Би-Би-Си

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот поради неговиот работен распоред, соопшти Кремљ.

Горбачов ја презеде власта во 1985 година, воведувајќи храбри реформи и отворајќи го СССР кон светот.

Но, тој не беше во можност да го спречи колапсот на унијата во 1991 година, а многу Руси го обвинуваат за годините на превирања што следеа.

Путин еднаш го нарече распадот на СССР „најголемата геополитичка катастрофа на векот“.

Надвор од Русија, Горбачов беше широко почитуван, при што генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека „го сменил текот на историјата“, а американскиот претседател Џо Бајден го нарече „редок лидер“.