Државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството годинава нема да се додели, бидејќи ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број на гласови.
Одборот за доделување на државната награда чиј претседател била новинарката Катерина Блажевска, таква одлука донел на седницата одржана на 26.11.2019 година.
Од кабинетот на министерот за култура Хусни Исмаили не одговорија колку кандидати имало пријавени и кои биле членови на комисијата. Наградата традиционално се врачува на 21 декември во Собранието, пишува порталот СДК.




