Претседателот Румен Радев му го врачи мандатот на академик Николај Денков за формирање влада.
Но, предлогот за премиер на втората по големина парламентарна партија „Продолжуваме со промената“ (ПП) може да смета на поддршка од 109 пратеници од 240-те во бугарскиот парламент, јавија бугарски медиуми.
Бугарија: Тешко до стабилна влада во наредната година или две
Претставниците на ГЕРБ и ДПС воопшто не се појавија на средбата за Декларацијата со приоритети на ПП. Не се појави ниту „Вазраждане“, кој од самиот почеток одбиваше разговори…
На средбата присуствуваа само претставници на ПП, „Демократска Бугарија“, БСП и „Бугарски подем“.
Но, извршното биро на социјалистите БСП, одлучи да не го поддржи документот со приоритети поради разлики во важни точки.
Нема јасна поддршка ни од „Бугарски Восход“.
Дури и да постигнат консензус, овие партии можат да се надеваат на само 109 гласа од пратениците во Народниот парламент, што се недоволни за формирање на кабинет.







