Нема докази дека коронавирусот „протекол“ од лабораторија

Френсис Колинс, шеф на Националниот институт за здравство на САД при Министерството за здравство и човечки услуги на САД, изјави за Фос њуз дека во моментов нема докази за протекување на коронавирус од лабораторија во Кина, но таквата хипотеза не може целосно да се исклучи, пренесува Тасс



Експертот, потсети на разните верзии и теории на заговор за наводното создавање на коронавирусот како биолошко оружје. „Но тоа не е истото со тоа што го знаеме за овој вирусен геном“, рече Колинс.

Да бидеме на јасно вели Колинс. „Мислам дека не знаеме што се случи во Вухан. Можно е да дошло до протекување од лабораторија. Но, тоа е извонредно тврдење. Во таков случај потребно е да имаме истрага заснована врз докази”.

Претседателот Џо Бајден кон крајот на мај рече дека американските разузнавачки служби немаат доволно информации за да каже со сигурност како започнал да се шири новиот коронавирус: од контакт со луѓе со заразено животно или можен инцидент во кинеска лабораторија.

Бајден им наложил на разузнавачките служби да ги удвојат своите напори да ги проучат сите достапни податоци и да му подготват нов извештај за 90 дена.