Не падна никаков договор на денешниот состанок помеѓу МОН и СОНК. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков преку писмено соопштение објавено на социјалната мрежа фејсбук ја информира јавноста дека двете страни се договориле дека им се потребни уште 10 дена за да постигнат точен процент на покачување на платите на наставниците.
„На денешните преговори двете страни ја утврдија содржината на Препораката, според која, продолжуваат преговорите помеѓу СОНК и МОН за уште 10 дена во вврска со точките кои се предмет на преговори согласно Одлуката за организирање на штрајк. Со оваа Препорака, предвидено е во дополнителните 10 дена да се утврди процентот за усогласување на платите, како и дефинирање на крајните рокови за склучување на новите колективни договори за основно и средно образование“, се наведува во соопштението на СОНК.





