Нема договор меѓу Владата и УПОЗ

Без договор заврши втората средба меѓу Синдикатот на УПОЗ и Владата за барањата на вработените во судската и јавнообвинителската служба,
Волја имало, ама синдикалците ни денеска не добиле предлог
-Волја има. Владата мисли дека ќе се изнајде решение за овој проблем меѓутоа конкретна понуда сѐ уште нема. Преговорите ќе продолжат уште еднаш или двапати. До петок треба да се финализира Буџетот за наредната година за да може и ние да добиеме поконкретни податоци што и како се планира од страна на Владата во врска со нашите барања – изјави Деаноски од УПОЗ по средбата.
Од Синдикатот на УПОЗ се надеваат дека ќе се најде некоја, како што велат, златна средина, околу нивните барања.



По неколкунеделни протести на вработените во судската администрација, минатата недела Синдикатот на УПОЗ и Владата седнаа на разговори со цел да се изнајде заедничко прифатливо решение за нивните барања за 78% зголемување на платите и исплата на додатоците за плата.