Тензиите кои постојат во нашата работа изминативе месеци не стивнуваат, изјави Ангел Димитров, копретседавач на бугарскиот дел од Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања која денеска на средба во Софија расправаше за Гоце Делчев.
Димитров рече дека е загрижен „затоа што едно од решенијата на Комисијата беше очекувањето за поинтензивна работа со цел да постигнеме определени резултати до крајот на годината околу разговорите за Гоце Делчев и за Илинденското-Преображенско востание“.
Според него, работата по ниту едно од тие прашања не е завршена.
„Тоа е вон нашите можности, се обидовме да направиме што можеме, сега работите се пренесуваат на политичко ниво, прецизира Димитров.
Тој информираше дека бугарската страна дала предлог во декември да се одржи уште една средба, но македонскиот тим го одбил тоа, од како што вели, нивни причини, и предложил да се направи голема пауза во контактите некаде до мај.
„Поради предизборието во Македонија , предложивме комисијата да паузира извесен период . Не може од работатат на комисијата да зависи европскиот пат на Македонија , рече меѓу другото Драги Ѓорѓиев.
Неуспехот можеше да се насети уште вчера, по првиот работен ден, кога Ѓоргиев и Димитров се соочија на Бугарската национална телевизија. И двајцата признаа дека непредок за прашањето за средновековниот период во учебниците, а уште помалу за Гоце Делчев.




