Претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека предлагачите на измените на законите за изградба на автгопатите се повлекуваат од измените на Законот за заштита на културното наследство, поради кои денеска протест одржа Македонското археолошко друштво.
Арбер Адеми овластен предлагач на законите, рече дека бидејќи не станува збор за сложени закони побара тие, сдега веќе 8, да се донесат по скратена постапка.
Ќе претрпат измени Законите за експропријација, за земјоделско земјиште, за урбанизам, за минерални суровини, за работни односи, за шумите, за градење.
Мнозинството ја усвои потребата за донесување на измени на осум закони, по што за нив ќе почне комисиска расправа.
Опозициските пратеници во знак на револт ја напуштија пленарната седница и најавија дека ќе поднесат суштински амандмани за измените на законите. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара власта да ги повлече измените на девет закони за изградба на коридорите 8 и 10-д и да одат на јавна расправа во консултации со експерти и невладини организации.
И претседателката на владејачката ДОМ и пратеничка Маја Морачанин побара власта да ги повлече законите и најави дека ќе гласа против.







