Ден пред распуштањето на сегашниот парламентарен состав, на 11 февруари Македонија ќе го ратификува протоколот за членство во НАТО, соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери.
Документот е во Собранието уште пред Нова година, но се чекаше дали Шпанија ќе успее брзо да го ратификува. Дводомниот шпански парламент по октомвриските избоири, конечно е конституиран, но за да се донесе некој акт на шпанскиот парламент во редовна постапка му се потребни 6 месеци, односно 3 во скратена постапка.
Ратификацијата за членство на Македонија во НАТО е ставена на приоритетна листа.
По ратификација во македонскиот парлемент и потоа во Шпанија, Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО Алијансата.





