Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет.
„Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации“ – се вели во образложението на декларацијата изгласан од Советот на овој бугарски град.
Истото го потврди советникот Кирил Илиев од ГЕРБ, кој изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот.







