
Министерството за внатрешни работи нема да казнува, ама сепак патните исправи на граѓаните нема да важат ако сакате да излезете надвор од државата. Тоа значи дека ако не смените пасош до февруари 2024 година, од овој термин па натаму нема да може да поминете на ниту еден граничен премин и пасошот со „Република Македонија“ ќе ви биде буквално само за дома.
Според досегашните решенија со личната карта на која пишува „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“, а која по датум е се уште валидна, ќе може да поминете на границите кон Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, освен ако во меѓувреме не се донесат поинакви решенија.
Официјалниот одговор што МКД.мк го доби во врска со промена на документите е дека никој нема да е казнет ако не направи замена, а тие се уште се важечки. Со лична карта без „Северна“ во банка ќе може, ама со пасош со „Република Македонија“ нема да може да се патува.
Министерството за внатрешни работи нема да казнува, ама сепак патните исправи на граѓаните нема да важат ако сакате да излезете надвор од државата.
Според досегашните решенија со личната карта на која пишува „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“, а која по датум е се уште валидна, ќе може да поминете на границите кон Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, освен ако во меѓувреме не се донесат поинакви решенија.
Редакцијата на МКД.мк контактирале и неколку банки од каде одговориле, дека за на шалтер во банките во земјава ќе може да ги добиете истите услуги како и досега, односно да си извадите пари, да аплицирате за кредит, да си префрлите пари… ако имате валидна лична карта со датум кој не е истечен, а на која пишува „Република Македонија“, а не „Северна“.
И од МВР официјално одговориле дека казни за непроменет пасош, лична карта или возачка дозвола нема да има и додаваат дека се користат сите капацитети и граѓаните може да закажат и да си направат промена на документите.





