Фондацијата на Горбачов соопшти дека погребот на поранешниот руски лидер ќе се одржи утре, но на неа нема да присуствува актуелниот претседател Владимир Путин.
Рускиот претседател Владимир Путин ќе го пропушти погребот на последниот советски лидер Михаил Горбачов, кој не успеа да го спречи распадот на советската империја со тоа што му ги ускрати целосните државни почести доделени на Борис Елцин, пишува Ројтерс.
Горбачов, идолизиран на Запад затоа што ѝ овозможи на Источна Европа да избега од советската комунистичка контрола, но не сакан дома поради хаосот што ја предизвика „перестројката“, ќе биде погребан утре на јавна церемонија во близина на Кремљ, кое е вообичаено местото каде што Русите се збогуваат со своите лидери: Владимир Илич Ленин, Јосиф Сталин и Леонид Брежњев.
Горбачов ќе добие почесна воена гарда – но неговиот погреб нема да биде државен.
Државната телевизија во четвртокот го прикажа Путин како свечено става црвени рози до ковчегот на Горбачов – оставен отворен како што е традиционално во Русија – во Централната клиничка болница во Москва, каде што почина во вторникот на 91-годишна возраст. Путин се прекрсти пред накратко да го допре работ на ковчегот.
„За жал, работниот распоред на претседателот нема да му дозволи да го стори тоа (да му оддаде почит на Горбачов) на 3 септември, па тој одлучи да го направи тоа денес“, изјави за новинарите во четвртокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека церемонијата на Горбачов ќе има „елементи“ на државен погреб и дека државата помага да се организира.
Видлива е разлика со погребот на Елцин, кој беше клучен за соборувањето на Горбачов од власта и лично го избра Путин, разузнавач од кариера на КГБ, како најсоодветен човек да го наследи.
Кога Елцин почина во 2007 година, Путин прогласи ден на национална жалост и заедно со светските лидери присуствуваше на големиот државен погреб во московската катедрала Христос Спасител.
Пет години по преземањето на власта во 2000 година, Путин го нарече распадот на Советскиот Сојуз „најголемата геополитичка катастрофа на 20 век“.
На Путин му беа потребни повеќе од 15 часа по смртта на Горбачов за да испрати порака со сочувство, велејќи дека Горбачов има „огромно влијание врз текот на светската историја“ и „длабоко разбрал дека се потребни реформи“, за да се справи со проблемите на Советскиот Сојуз во 1980-тите.
По смртта на Леонид Брежњев, местото ген-сек на партијата го презема Јуриј Андропов Горбачов како генерален секретар, Горбачов како претседател на постојаната комисија за младински прашања честопати патувал во странство. Во 1984 година, во текот на посетата на Лондон, тој се запознал со премиерката Маргарет Тачер и ѝ оставил силен впечаток.
– Ми се допаѓа Михаил Горбачов. Ќе можеме да соработуваме – изјави таа своевремено за Би-би-си, додавајќи дека е оптимист за идните односи со СССР.
Се очекувало Горбачов да го наследи Андропов кога тој починал во 1984 година, но наместо тоа, за генерален секретар бил назначен Константин Черненко, човек со нарушено здравје.
По една година починал и Черненко, а потоа го наследил Горбачов, најмладиот член на Политбирото. Тој бил првиот генерален секретар роден по револуцијата во 1917 година и се сметал за вистинско освежување по стагнацијата во годините на владеењето на Леонид Брежњев.







