Комисијата за заразни болести многу веројатно нема да дозволи целодневна настава во основните училишта.
За целодневниот престој ќе се одлучува утре изутрина. Директорот на скопскиот Центар за јавно здравје, Виктор Исјановски, потенцира дека епидемиолошката слика е основата по која што се водат и ќе се водат и во следниот период во кој се очекува есенскиот бран на новозаразени.
Ако нагло порасне бројот на заразени деца, и градинките коишто веќе се отворени – повторно ќе ги затворат вратите.
„Да, можно е повторно затворање на градинките, можно e и да се преземат одредени мерки и да се дадат насоки од Комисијата кон Владата“ – вели Исјановски.






