Нема чист победник на изборите во Бугарија


Податоците од излезните анкети покажуваат дека најдобропласираните политички партии ГЕРБ и Продолжуваме со промената“ имаат исклучително блиски податоци по денешните парламентарни избори во Бугарија, јавува БГНЕС.



Од двете партии вечерва се воздржуваат од коментари за резултатот од изборите кој се чини ќе се реши во – фотофиниш.

Податоци на социолошката агенција „Тренд“ покажува дека во исдното Народно собрание влегуваат пет партии: ГЕРБ-СДС – 27,3%; ПП-ДБ – 23,7%; ДПС – 14%; „Преродба“ – 13,7%; БСП – 9,2%; „Има таков народ“ – 4,4%

Податоците од излезната анкета на Галуп покажува дека вон парламентот влегуваат 6 партии: ПП-ДБ – 25,6%; ГЕРБ-СДС – 24,8%; „Преродба“ – 14,2%; ДПС – 13%; БСП – 10%; „Има таков народ“ – 4,0 %

Според ова распределба на пратениците во парламентот ќе биде; 67 за ПП, 65 за ГЕРБ, 37 за Вазраждане, 34 за ДПС, 26 за БСП и 11 за ИТН.

Податоците на Alpha Research од излезната анкета покажува: ГЕРБ-СДС – 26,4%; PP-DB – 25,5%; ДПС – 13,9%; „Преродба“ – 13,5%; БСП – 9,2%; „Бугарски пораст“ – 3,6%; „Има таков народ“ – 3,5%.