Функционерите кои си поднеле оставка или биле разрешени нема да можат да земат апанажа, одлучи Уставниот суд на денешната седница.



Уставнот суд го укина членот 22 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери, бидејќи, според Судот, нема уставна оправданост.

„Содржината на овој член е дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен ги има сите права како останатите функционери меѓу другото и право на апанажа“, вели портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска. (Независен)