Во знак на протест поради напорите Русија да го ограничи абортусот, Русинките во понеделникот упатија предупредување до претседателот Владимир Путин, во кое велат: „Нема абортус, нема секс“.
Иако абортусот е сè уште легален и широко достапен во Русија, неодамнешните обиди за негово ограничување предизвикаа н ервоза во целата земја а активистите ги повикаа поддржувачите да поднесуваат официјални жалби, циркулирајќи онлајн петиции, па дури и организирајќи мали протести, пишува Њусвик.
Властите, исто така, почнаа да го ограничуваат пристапот до апчиња за абортус и итна контрацепција во услови на пораст на побарувачката што следеше по почетокот на војната во Украина.
Во 2022 година, продажбата на апчиња за абортус е зголемена за 60 отсто, според Николај Беспалов, директор за развој на аналитичката компанија RNC Pharma, објави Асошиетед прес.
Во меѓувреме, во последниве месеци, приватните клиники во руските региони – вклучително и во регионот Чељабинск во планините Урал и во Татарстан во централна Русија – престанаа да нудат абортуси. Овој потег се разгледува и во руската област Калининград.
Во понеделникот во Казан се одржа протест против забраната за абортуси во приватните клиники а демонстрантите дојдоа со табли на кои пишуваше „Забраната за абортус не го решава проблемот, само го влошува“, , „Не абортус, без секс“, и „Да се породи или не е избор на жената“.






