Пензионерите со исплатата на септемвриската пензија ќе добијат поголема пензија за 6,8 проценти, објави Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Ова значи дека во просек на сите пензионери, пензиите ќе им се зголемат за 1.109 денари, бидејќи просечната пензија е 16.313 денари.



Податоците од Фондот за пензиско осигурување откриваат и дека најниската пензија во државава изнесува 10.276 денари, а тој износ го примаат 2.960 пензионери. Тие ќе добијат зголемување на пензиите од 699 денари.

Највисоките исплатени пензии се 60.294 денари, а нив ги имаат 47 пензионери. За нив, зголемувањето на пензиите ќе значат дополнителни 4.099 денари.

Според последните податоци, кои се однесуваат на јули, во државава имало 330.884 пензионери.

До 11.500 денари, пензии земаат 92.300 корисници, или 27,89 проценти.

Од 11.501 до 14.000 денари има 69.440 корисници, а 20,99 проценти,

додека над 18.001 денари има 102.724 корисници, или 31,05 проценти. Слободен печат