Доколку пензиите се зголемат за 2,9 проценти тоа значи дека за оние со најниски пензии (3.185 пензионери), зголемувањето ќе биде 289 денари, а за највисоката најниска пензија (ја примаат 1.664 пензионери) зголемувањето ќе изнесува 371 денари.



Поразителен е податокот дека вкупниот број на пензионери во оваа група со најниски пензии (до 12.547 денари) е дури 80.809, или секој четврти пензионер е на минималец. (Слободен печат)