Политичкиот аналитичар и експерт за Балканот, Раиниер Јарсма, откри дека неколку министерства за внатрешни работи и најмалку една авиокомпанија веќе добиле инструкции да ги отфрлаат пасошите со „Република Македонија“.



„Можам да потврдам дека неколку министерства за внатрешни работи и најмалку една глобална авиокомпанија беа информирани за оваа мерка минатата недела и добија инструкции да ги отфрлат сите пасоши што се однесуваат на земјата со претпреспанското име по 12 февруари. Ова не е регионално искушение“, објави Јарсма на Твитер.