Утрово во скопската населба Лисиче е пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошковски, Самоил Костадиновски, кој е исчезнат веќе четврти месец, пренесува „Фокус“.
Според порталот во него пукал непознат, кој со мотор се движел во близина на семејната куќа во Лисиче.
По инцидентот таткото на Самооил е префрлен во болница.
Полицијата веќе е излезена на терен.
Исчезнатиот Самоил, е внук на Виолета Бошковска, сопругата на Љубе Бошковски.







