Некој пак ја казнува Сирија по „хемискиот“ напад врз бунтовници

Се уште е нејасно кој го изврши ракетниот напад врз воениот аеродром во областа Хомс во централна Сирија претходната ноќ кој бил погоден со неколку неколку проектили.



Најмалку 14 лица загинале или биле повредени во нападот кој доаѓа по обвинувањата дека сириските сили извршиле напад со хемиско оружје врз област која е под контрола на бунтовниците.

„Аеродромот Таифур беше погоден со неколку ракети“, јави САНА, според која првично постоело сомневање дека „нападот бил извршен од страна на САД“.

Во реакцијата, Пентагон возврати дека американски вооружени сили „не напаѓаат воздушни напади во Сирија“.

Нападот се случи кусо време откако американскиот претседател Доналд Трамп го осуди наводниот хемиски напад врз бунтовниците во близина на Дамаск во саботата и се закани дека дека виновниците „скапо ќе платат“ за тоа.

Тој го нарече „животно“, сирискиот претседател, и ги обвини Иран и Русија за поддршка на Башар ел Асад.

Извештаите за наводниот напад со гас во сирискиот град Дума се „лажни вести“ со цел да се оправдаат потенцијалните напади врз Сирија, соопшти руското Министерство за надворешни работи кое ги осуди последните извештаи за хемиски напад , како уште еден пример во „серијата лажни вести за употребата на хлор и други хемиски агенси од страна на владините сили“.

Пред една година, на 7 април 2017, Сирија беше обвинета дека извршила напад со сарин врз бунтовници шри што загинале цивили по што следеше американски одговор со 59 „томахавк“ проектили.

Активисти на сириската опозиција во саботата соопштија дека силите на сириската влада во воздушен напад областа Дума која е под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, употребиле отровен гас, од кој настрадале најмалку 40 лица.

Се наведува дека и сега, цели семејства се задушиле во своите домови и засолништа, а на фотографиите што ги објавила спасувачката организација „сини шлемови“ се гледале деца како неподвижно лежат на под, а од устата им излегува пена.

Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок за хемискиот  напад во Сирија на барање на девет од 15 членки на ова тело – САД, Велика Британија, Франција, Полска, Холандија, Шведска, Кувајт, Перу и Брегот на Слоновата Коска.

Трамп минатата недела објави дека САД ќе ги повлече своите трупи од Сирија, откако била победена терористичката САД.