Некој му пратил писмо со 3 куршуми на Папата Франциско

Писмо адресирано до папата Франциско со три куршуми од пиштол бил запленет во пошта во близина на северниот италијански град Милано, соопшти италијанската полицијата.



Поштенските работници повикале полиција откако го пресретнале пликот во текот на ноќта во малиот град Пешјера Боромео.

Полицијата за Ројтерс изјави дека пликот – испратен од Франција – бил упатен на адреса „Папа, Ватикан, плоштад Свети Петар“.