Профилот на Државниот архив на Македонија вечерва влезе во кавга со новинари и граѓани на Фејсбук.

,,Некој му пцуел мајка на Архивот! Изгледа Архив нема постар брат да го брани…”
“Директор на јавна установа од службен профил се расправа како стринка на чешма на фејсбук”
Овие и слични коментари може да се прочитаат на Фејсбук профилот на ТВ водителот Богдан Илиевски каде некој во име на Државниот архив на Република Македонија се расправа со граѓаните.
Целата срамна ситуација со националната институција на овој линк
Предходно директорот на Државниот архив објави дека пријавил граѓанин во МВР за ,,Мочање врз северна” и дека е цел на говор на омраза по што и самиот дозволи говор на омраза кон други луѓе.






